RESEN - 17 MAY '24

Општина Ресен дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!

Општина Ресен е со седиште во градот Ресен што е познат како „мал Париз“. Целото ова подрачје се смета за еколошки ентитет од глобално значење, бидејќи таму се наоѓаат различни биотопи – езера, планини и шуми кои имаат уникатни, единствени карактеристики. Преспанското Езеро, националните паркови Галичица и Пелистер му даваат посебна убавина на регионот.
 
Преспанската култура датира уште од неолитот. Низ долината минувал познатиот римски пат Виа Игнација за време на Римската империја. Во регионот има многу уметнички споменици. Најпопуларен е манастирот во Курбиново изграден во 1191 година.
 
Грнчарството се развивало во Преспа во минатото и сè уште е присутно поради ресенската керамичка колонија.
 
Опкружен е со бујна шумска вегетација со највисоко присуство на зимзелени дрвја Фоја, што е вистинска реткост во Европа. А, таму е и островот Голем Град е археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи од римската епоха и средниот век.