ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА

Секоја година во секое добро домаќинство доаѓа момент во текот на пролетта, кога почнуваме да ги чистиме нашите домови и градини од сите остатоци од долгата и студена зима.

Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на сонцето“ е куќата во која живееме сите сосема е природно да направиме пролетно чистење на нашите домови, градини, улици, соседство… И тоа пролетно чистење го нарекуваме: „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.

Заедно со нашите водечки стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак и нашите официјални партнери Нула Отпад , Шпаркасе Банка , Костал , ЕВН , Макстил , Бучим , Бимилк и Црвен крст , Мен енд Маунтен ја организираме оваа пролетна акција за чистење секој мај во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-тиот до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да ја исчистиме нашата земја од отпадот од минатото и да го рециклираме во зелена иднина за нас и генерациите кои доаѓаат.

Овогодинешната ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи помеѓу 17-19 мај 2024 година во сите општини на Македонија и во Националниот Парк Шар Планина.

Поддржано од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство

Врз основа на меморандумот меѓу Министерството за земјоделство, Национални шуми и „Мен енд Маунтен“ од јуни 2022 година, Владата на Република Северна Македонија ја поддржува ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА во нивните годишни планови за пошумување со посветување на едно дрво за секои десет килограми собран отпад за време на GENERALKA WEEKEND.

Од 2021 година, повеќе од 25.000 волонтери од 51 општина собраа повеќе од 615.000 килограми отпад за време на настаните GENERALKA WEEKEND.

Од 2022 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Националнишуми засади повеќе од 90.000 дрвја во Велес и Петровец и заедно со нашите партнери засадивме дополнителни 6.000 дрвја во веќе 11 општини. Овие шуми се нарекуваат „СОНЧЕВА ГОРА“.