Општина Вевчани дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Името на Вевчани произлегува од старословенскиот збор ВЕС (село), односно за жителите на тоа село СЕЛЧАНИ, а за ВЕС (ВЕСЧАНИ), за на крај да биде изведено името Вевчани.
Според еден стар документ се говори дека Вевчани како селска населба е евидентирано од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака.
Покрај славната и непокорна историја на Вевчани уште од времето пред и за Илинден, по овие настани доаѓа и до симболичното протестно самопрогласување на „Држава Вевчани“ (Република) со свои пасоши и пари (т.н. личници) кои се туристичка атракција позната за Вевчани заедно со Вевчанскиот карневал во месец Јануари.