Општина Росоман дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општина Росоман е млада општина во централниот дел на Македонија. Заради геолошкиот состав почвата таму е особено погодна за лозовите насади и добар квалитет на грозјето.
Општина Росоман и пошироката област на Тиквешијата имаат бројни природни атрактивности. Помеѓу нив, особено значајни се планината Кожуф, Тиквешко и Моклишко Езеро, реките Вардар и Црна, висорамнината Витачево, Демиркаписка Клисура, клисурата-кањонот на Блашица, рудникот Алшар, камените столбови кај с. Конопиште и неколку пештери.