

ČEŠINOVO OBLEŠEVO - 17 MAY '24
Општина Чешиново Облешево дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општина Чешиново-Облешево се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанско Поле, во подножјето на планините Осогово и Плачковица.
Овој крај бил густо населен во античко време затоа има многу археолошки наоди и споменици.
Денешната територија на општина Чешиново-Облешево отсекогаш била центар на овој регион каде биле сместени органи на државната управа за секоја власт своевремено.
Изворот во с.Бања во обезбедува доволна количина на термоминерална вода, која е со висока температура од 63˚С. Водата делува благотворно при лекувањето на заболувања на жолчните патишта и жолчната кесичка, гинеколошки заболувања, воспаление на нервите, ревматични заболувања и други болести. Но најголем ефект со оваа вода како лековита е постигнат при лекувањето на чир на желудникот и на дванаесетпалачно црево.