Општина Центар дел од GENERALKA WEEKEND ’24 на 17 Мај!
Општина Центар — општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно.
На нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи, како и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и неколку факултети.
Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.