Општината Долнени се наоѓа во северниот дел на котлината Пелагонија односно во Прилепско Поле. Главна стопанска гранка е земјоделството, особено производството на тутун, пченица и јачмен. Општина Долнени има голем број на сончеви денови во текот на годината, а голема површина на обработливо земјоделско земјиште е погодна за органско производство на храна.