Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пајонците, Медите и Траките.. Оризот e симбол на Кочани, што е првиот заштитен производ со ознака на потеклото во Република Македонија. Кочанскиот ориз се произведува во Кочанската Котлина, меѓу Кочани на север и Мородвис на југ, чија должина е 26 км.