Општина Охрид

Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Познат е и како „град на светлината“ што е буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Општина Охрид се нарекува и “Волшебна земја на археологијата” со 250 археолошки локалитети со остатоци на материјална култура од неолитотот па сè до доцниот среден век. Таму се и културно-историските споменици: Самуиловата тврдина, Античкиот театар, ранохристијанската епископска црква во месноста Плаошник, Црквата Свети Јован Богослов Канео и многу други.

ЛОКАЦИЈА: училишни дворови
ДЕН: 9.05.2025
ЧАС: 9:00
ЛОКАЦИЈА: плажа од Метропол до Лагадин
ДЕН: 10.05.2025
ЧАС: 9:00
ЛОКАЦИЈА: од мост на Билјанини извори до Горица
ДЕН: 10.05.2025
ЧАС: 9:00
ЛОКАЦИЈА: плажа од Грашница до Даљан
ДЕН: 10.05.2025
ЧАС: 9:00